нескротлив (прид.)
117 Далеку Далеку од вистината Далеку од светот Длабоко во земјата Длабоко во бунарот Доцна е за прашања Доцна е за исправки Денот завршува Денот е последен Доста залажувања Доста неми говори Дојде како сенка Дојде за да избега Држи оган во рацете Држи нескротлив ветар Денес Дел од него исчезнува Сакате да сте искри разиграни над жарот?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во тоа време Лабрис доби извесни шанси да се инкарнира во прекрасна дебела книга, но нескротливиот темперамент и стравичниот вербален торнадо на господинот Вулкански во една вечер во Александар плац (темна и дождлива вечер) ги уништи шансите на тој хипотетички проект.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Кај кукуригаш напрчен, гиздав орозу, петлу нескротлив, на кој плот имаш кацнато, преку која тараба загледано?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Нè обзеде силна, нескротлива тага која на сите начини ја криевме од Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Имено, неговиот табиет, односно карактер, веќе се беше оформил во темперамент - буен, немирен, нескротлив, понекогаш неразбирлив или несфатлив.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А нејзината нескротливост како травада, оној нескротлив променлив ветар, пропратен со секање и грмотевици ги плашеше злите духови.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Акварел
Земаш вода, боја, четка
ризик, многу ризик
плус страст, вишок страст
отаде доброто и злото
еден нескротлив гест
и
зафаќаш со еден потег
цел несогледлив амбис
окно под свеста, под себеси
го повлекуваш пругоре вовреното црево
го вадиш од дното на сликата
без право на дополнителен влог
без шанса за поправен испит
или прошка
и
го овоплотуваш змејот
прекрасното чудовиште
заумната фигура!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Немаше пљачки. На подот беа останале само книги со истуткани хартиички, лепаци, ножички, моливи и гуми - доста ситни остатоци од голем нескротлив неред.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
– „Дури тогаш повторно се сетив на Роза; што да правам, како да ја спасам, како да ја оттргнам од тој коњушар, кога сум десет милји оддалечен од неа, со нескротливи коњи пред мојата кола?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сѐ ќе беше прекрасно ако не беа неговата нескротлива желба за слава и пари.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во времето кога и обајцата беа на маргините на новата држава, во која бавно и тешко фаќаа корен научните, образовните и културните институции, обајцата нескротливи идеалисти, но надарени со длабока и изворна хуманост, која ретко се сретнува во тие времиња, пресечени во залетот од бирократизираните и кариеристички ориентирани млади кадри, со партиски амин, тие си ја доградуваа нивната нова среќна балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Заплака. Липти тивко и во тој липтеж е целиот очај и нескротливата болка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)