неслога (ж.)
Од улица се дотркала пијана запрега на двајца баритони; голиот сув корен на нивните грла беше потопен во лута неслога.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога ќе завладее неслога и никаквецот стига до честа! Не дозволувајте го тоа!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
И така живна загноената заемна омраза меѓу едната и другата опција на тие кои се самонарекоа бранители и душегрижници на Егејците, како што сами се нарекоа и ги нарекоа и тие во чие заблудување беа замешани нивните прсти и никој не прифати и не почувствува грижа на совеста, а рамнотежата меѓу двете скарани страни – грижливо ја чуваше Лазо, кој лично водеше сметка неслогата да не се претвори во кошмар.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сепак, Татко го остави да ја заврши мислата: Ние како да заборавивме дека нашата мисија ја започнавме мислејќи на иднината на нашите внуци, а не на минатото на нашите предци, на нивната божем пеколна неслога, причина за неизбежниот судир помеѓу христијанскиот Запад и исламскиот Исток на Балканот и што уште не. Зар не е тоа повик на курбан?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Само така ќе ги откурбаниме нашите потомци, од курбанот склоп на пеколна неслога!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со тогашниот занес продолжи: Најпрвин конечно ќе треба да ги ослободиме нашите внуци и потомци од последните остатоци во свеста на балканскиот синдром на пеколната неслога.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)