неспокоен (прид.)
Истрчав неспокоен и со лошо претчувство.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Неколку жени возбудено се веднеа, се удираа по глави, шепотеа - неспокојни, разбушавени, збунети; беа собрани околу некого што лежеше наземи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во собата, пет со четири, чекорев од избледениот гоблен до печката и пак назад, од час во час, и си ги броев чекорите. Најспокојно размислував во движење.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Едниот беше ситен и неспокоен, во туѓа износена облека, другиот полн, мек, сипаничав.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Арсо тешко се отпушти од прозорецот на миндерот и пак се затвори во своите неспокојни мисли.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Птичишта некакви, неспокојни и грабливи, крескаат низ дрвјата и му отстојуваат на шумот што се крева од нашите стапалки.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
За да ја отстрани сосем таа неспокојна мисла, почна да вика, да свирка, предизвикувајќи ги на тој начин од далечина своите кучиња, Караман и Стрела, кои останаа крај колибата, да лајат и со тоа барем до превалецот на Гола Глава да не се чувствува сам.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Повторно почна Бандо да живее мирен живот, но со неспокоен сон.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Црномурестото момче од Неготино беше отсутно. Многу замислено. Неспокојно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тие очигледно не се шегувале, секој час заплашуваа да се појават, да поскокаат од ѕидот, како тука, на него да беа втиснати нивните неспокојни, болни души.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се слушаа нивните неспокојни, испрекинати гласови, неуморно веслаа, јуришаа кон брегот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Луѓето мрдаат, се вртат, неспокојни ги прави пукањето што доаѓа од некаде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во собата, пет со четири, чекорев од избледениот гоблен до печката и пак назад, од час во час, и си ги броев чекорите. Неспокојно размислував во движење.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Винстон ги крена рацете над глава, но со неспокојно чувство. Однесувањето на момчето беше толку крволочно што сето тоа не беше игра.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој застана, но не се врати. Неспокојните очи на мајка му беа втренчени во неговото лице.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој веруваше во принципите на Ангсоц, го обожуваше Големиот Брат, им се радуваше на победите, ги мразеше еретиците, не само искрено, туку и со еден вид неспокоен фанатизам, една исклучителна информираност, на која обичните членови на Партијата не ѝ беа ни близу.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше видливо неспокоен, лут.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во Солун, малата Ервехе засекогаш ќе ја види и ќе ја научи лекцијата за тоа колку се луѓето на Балканот измешани, различни, неспокојни.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Водата во која зацапува до коленици, му доаѓа до половина, но тој се пробива кон белато кајче со најблиските... Цви Корец се буди во својата постела од неспокојниот сон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Еден тивок шум ме разбуди од неспокојниот сон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)