нечекан (прид.)
Чорбаџи Чолакот сам се понуди да ми помине на редот и да донесе еден нечукан брав, еден звизјак.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Добровечер, - смирено рече нечеканиот гостин. Дедо Бошко го отпоздрави низ заби и тргна по него.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
ИВАН: (Во првите мигови тој им се предава на тие бакнежи, дури се обидува и да се поигра со нив, но набрзо станува свесен дека со Неда нешто нечекано се случува и затоа ја зема нејзината глава во своите раце, се обидува да ѝ погледне во очите.) Ти плачеш?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Бил само еден луд миг во него и го повел по себе, сега беше наполно свесен дека тој ниеднаш нема да биде во состојба да стори нешто такво со овој свој малечок, нечекан гостин, дојден во неговата собичка и безденноста на темните ноќи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
ЗИМСКИ ШУМОВИ Декември изненаден од нечеканиот шум на студот ја свива кожата на градината.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)