новина (ж.)
Новините се преполнија со известија од театарот на востанието.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Редум со известијата за борбата меѓу четите и Турците, во новините се печатат и известија за турските ѕверства над мирни жители.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од Стамбул телеграфираат во разни европски новини (Standard) оти англиската и француската средоземна флота добиле повела да се наоѓаат блиску до македонските води.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И сега, кога Тода разбра оти Крлето се искубало од стапицата, и дојде мило и не можеше до дома да си дојде од задоволство оти таа прва ќе и ја каже на золва ѝ Нешка пријатната новина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И Трајко уште утредента си ја јавна маскичката и си отиде в село да им ја однесе на селаните радосната новина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Митра, задоволна од ефектот што го направи нејзината новина, си продолжи кон нивната колиба и ја остави Доста да се мисли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога дедото Богдан ја донесе тажната новина за неговото пленување, Анѓа беше малечка, на осум години, но цела година го плачеше и жалеше.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Настана детска пискотница, старски молби, плачки, пцости, физички напади и расправии, но откаде паднаа неколку старци од јатаганите на семејните, децата беа собрани и со кадијата на чело, одведени и затворени во еден конак, а старците си заплакаа и си отидоа во своите села да им ја однесат тажната новина на мајките и татковците од пленетите деца.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Истиот ден испрати човек во Ресен, да ја однесе радосната новина дека ќе ја земе за жена најличната охриѓанка и да ги покани да дојдат в недела за стројот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И еден ден Солун осамнува со потресна новина: Џемал-ага го ставиле во зандана.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На убавата мермер чешма, во Варош-маалото, каде што беше куќата на Никола Делчев, една млада убава жена, ја пренесе новината: „Султана на Никола родила машко дете.“ - Нека ѝ е живо! - рече една.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ширум турското царство се беше пренесла новината: „Се појави чуден човек!“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Дајте да видиме какви новини ни носи тоа Волшебно самарче! - рече Планински.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
По дворот околу неа кокошките го оптеретуваа ѓубрето што не беше исчистено откако кацна фронтот горе на Пелистер и во анот муштерии навраќаа од новина на погибел.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Оваа новина го заскокотка Толета и уште другата ноќ му појде на Стевана на колибата и, како нарачан, го најде и него со синчето Митрета заедно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На Толета му се бендисаа сите тие новини и утринта стана поразведрен.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Само на селото никаков ќедер! — строго му заповеда бимбашијата и тргна пред аскерот, разделувајќи се со витолишкиот јузбашија, кој по истиот пат се врати назад во Витолиште и му ја соопшти пријатната новина на стариот мудур Арслан беј.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
а. Времето во поезијата За предлозите на Хлебников: „да се внесе новина во поседувањето над земјата: да се прогласи поврвната на индивидуалниот имот да не може да биде помала од поврвнината на земјината топка“, и уште: „ да се изврши постапно предавање на власта во рацете на ѕвезденото небо“, и особено: „ да се формира во сите земји за оние што сакаат вечна војна посебен пуст остров“, и за сето тоа неопходно е – време.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Интересна техничка новина претставува проветрувањето на блоковите со помош на специјална апаратура, која влегува во дејство сообразна на температурата и влагата на блокот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа е така. Разбирате? Работа која се смета за десетина од минута, додека вистинска новина е работата од петсто, од илјада години.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)