новосоздаден прид.

новосоздаден (прид.)

Новосоздадените држави можеме и да ги акцептираме како обид за политичко, културно и цивилизациско центрирање и како увертира за една целисходна и експлицитна еманципација на локалното (специфичното) со универзалното (глобалните системи).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со иста цел, во некои случаи, во новосоздадениот систем на писмо се сочувуваат знаци кои немаат никакви вредности освен бројните.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мотивацијата на ваквото слободно творештво на графичките симболи се чини дека лежи во стремежот да се прикрие зависноста на новосоздадениот систем на писмо од изворникот, во дадениот случај, од грчкиот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Компаративното изучување на разните стари алфабетски системи на писмо ја реконструира типологијата на настанокот на писмото и дава општа слика на процесот на создавањето на алфабетскиот систем на писмо врз основа на систем на писмо- прототип, што е земен за пример и што служи како модел за новосоздаденото писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Новоговорот беше базиран врз англискиот јазик, онаков каков што го знаеме сега, иако многу од новоговорните реченици, дури и кога не содржеа новосоздадени зборови, би биле одвај разбирливи за човек што го говори денешниот англиски јазик.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Седеше таму здодевајќи се додека Летка го плаќаше данокот на новосоздадената потреба на западниот човек. И ја посматраше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Изборот на помирувачи и арбитри се врши по пат на јавен оглас, кој го објавува новосоздадениот државен „квазисудски“ [управен или судски!?] орган – Републички совет, на чие чело стои директор, именуван од Владата на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дали Османлиите, накалемувајќи го исламот на својот новосоздаден идентитет, ќе се надоврзат на старата исламска цивилизација на Мароко и Андалузија, каде што нема да допре Османската Империја, или ќе појдат по друг пат, водени од завојувачките пориви кон создавање и одбрана на најголемата Империја на своето време?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)