ноздра (ж.)
Со ноздри раширени 'ржеше коњот во пена - другар во триумфот жнеан; тој гордо ги газеше телата бедни што стенат ... Тажни стоновите беа.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Се насмевнуваше како човек што пред секој изгрев пие рицинус; ме удираше со белите прсти по темето и шушкаше низ змејските ноздри: - Со лева не се црта. Тоа е богохулство. Затоа луѓето ти личат на дибеци. Со десна, дибеку, со десна.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Идиот, ќе нѐ чујат, низ заби писна налутениот Пенчо, ноздрите му беа змејски раширени, но всушност личеше на згрчена птица.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Гологлав, со густа бушава коса, остра како четка, ги ширеше ноздрите на мекиот нос и ме гледаше остро, професорски.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тоа не е сѐ. Зад колата чекори третата судбина: ситнолико дете со суви усни и влажни образи; тоа се држи со двете раце за решетките и тивко, ретко, речиси нечујно липа низ раширените ноздри; погледот на влажните детски очи не се одлепува од кучето.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш со непозната болка разбира дека неговиот скалпел светкал над женското тело. таа-гола, студена, акако секогаш само со ноздрите насмеана!
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Десната страна на лицето со страсната ноздра му се покриваше со секакви влакна. Имаше два различни профила.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Утредента дојде кај него и донесе во своите коси свеж ден и влага на облак и уште нешто: насмевнатост во лаковите на ноздрите.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Под брз зарез на остриот нож, месото се отвора како непознат цвет, крвта, секогаш иста и секогаш на ист начин, шуми, врело само во неговите ноздри.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И знам: во писмото лежи ампула од пренежно стакло - а) ќе прсне, б) ќе ме удри в ноздри испарување на отров, в) ќе ме собори.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сега можеа да се забележат и влакната во неговите ноздри. „Го викаш ли Исус заради оној сектант што го ловевме минатиот месец?“ праша со задоволство. „Заради него“, потврди првиот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И на докторот со влажна коса на чело, на студениот пламен во неговите горди ноздри.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Отец Симеон смерно гледаше итро насмевнат со ноздрите. „Љубопитен сум и слушам“, рече. „Кој сте вие?“ Иван одговараше со достоинство на сигурен сведок. „Лекар сум...“ Не заврши.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Зло: принцеза (прст во носот!), сета грда, сета грда, со предолги уши мрда, пред мрсулав принц и клепкав таа везден ноздри чепка.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
И ќе зажалиш таму за оваа наша планинска миризба, - рече Кирил, па ја опфати со еден поглед долината и ги рашири ноздрите, напнувајќи ги градите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
11. НЕ УМРИ КОЊУ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА - до првото орање, до ѓубрењето барем, потоа од ноздрите и облаци да креваш ќе се најде понов, веќе помек јарем...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Прозорците на станицата се тресат, се рони варта од ѕидовите, од таванот и ти се полнат ноздрите со прав.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И ноздрите му се шират, фрчат и го шмркаат воздухот, го одбираат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Е, ај, да пробаме пак со ракија. Држам на забот ракија, а со носот шмрчкам нова ракија. Со ноздрата што е кон забот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
лебот во водата и ќе го вртиме со устата за да можеш да го поттурниш со јазикот и одиме така - клан, клун, клан, клун, и душата си ја стегаме во носот, тука ти се дели од телото, тука ти се враќа назад, оти лепчето ти тежи ко плитар во мевот, а водата шмркни ја и измочај ја, во едно ќоше, наалкавме една цепнатинка во ќошето и - тука за да не смрди многу во вагонот, ама пак остануваше по нешто за да смрди, да те штипе за ноздринки и за очи и така преткаме ко глувци во сламата, се чешаме од болвите, ебати печалбата наша, ми жеже, вели Стеван Докуз, овдека вака, под гушата, и бара вода, ја тркала кофата, клоца низ вагонот, па ќе го удри некого, а ние ќе го фатиме Стевана в гуша, ќе се давиме, ќе го седнуваме,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)