нокте (ср.)
Но животот, што почнал така, зел да одминува, се затркалале една по друга годините, а далчниот свет како да ги цедеше преку триста сита добрините, што можеше да му ги искамчи за себе со своите ноктиња еден таков ситен, загубен човек од планините, останат калџија во мајсторските тајфи до својата четириесетта, по скелињата, со рамото, што му паѓало сѐ пониско од тешката копанка, што ја искачувал нагоре по тие дрвени конструкции, од под кои, како пилето од под лушпата, еден ден се излупувало и почнало да живее едно ново здание, секогаш наново, во бескрај.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ниту толку не го сакам!- и покажува нокте од своето мало прсте."
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
И што не зашиваме во тие амајлии? Козина од мечка, мечка страв - мене не страв, нокте од штрк, корупка од желка, пепел од дрен. 128
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само за нокте едно помести го средето на светот, и тоа веќе не е среде, и писмото тајно се брише, не се виѓава. Сѐ што гледаме сведочи за невидливото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој ја пикна раката во торбата и навистина извади едно маче, кое сега веќе енергично запрета со ноџињата и успеа да му се закачи со ноктињата за ракавот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Јас притрчав и, дали од возбуда, дали затоа што сè уште проѕирните ноктиња ја имаа вешто опфатено ткаенината, едвај ги раздвоив.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)