нуди несв.

нуди (несв.)

Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Од мртвенски сништа тие ќе ве будат вас, јунаци смели, со песна и смешка, со гороцвет кревок, со цвеќа ве нудат, што лежите вие во гробнина тешка. Bo избрана куќа сте легнати тука на вишина свежа, и зелена, студна, и бескраен поглед насекаде пука и успива душа во возбуда чудна.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
И веднаш ја вади кутијата со „Зета" и им нуди по цигара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Непознат снуждено седи дури го пречека зора, непознат слики нуди на сите в „Source" и „Flоra"! На булеварот Saint-Germain облачен, матен, зимен ден.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Иако дојдоа преоблечени во бело, иако докажуваа дека ми се пријатели, дека од Него се советувани да ми помогнат, ги познав, имаа половина лице: едно уво, едно око, една ноздра, и се движеа во правилен круг околу мене, злокрва глутница што не носи надеж и не нуди утеха.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И не е веќе ни девојченце, сега, кога бешумно се доближува до мојот кревет, кога вешто ми ја нуди меката затркалезност на својот румен колк.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во неговиот дел на Нојовиот ковчег стоеше брат му повеќе званично отколку комотно и го мереше со млака љубопитност. „Дневниците не ми беа високи во смоларата“ , покажа кон креветот Отец Симеон; го нудеше да седне.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сеќаваше како пријатно го галат меките тревки, како му ја нудат својата миризба шареноглавите цветчиња и како го гледат и му се радуваат многубројните бубалки.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Седни, седни! - продолжи бабата да го нуди.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со качамакот што му остана, ја нагости Стрела, а Кротка, која од сета храна што ѝ ја нудеше, најмногу ги сакаше јаболката, доби двојно повеќе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ѝ кршеше кревки букови гранчиња, ја нудеше со сите треви и растенија што ги беше посеала пролетта по Заветна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не, немојте да заборавите - велат овде - кога веќе сте во оваа чаршија и сте решиле нешто да купите, да ја преполовите цената по која трговецот ви ја нуди и продава бараната стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лајпцишкиот саем претставува поим на европскиот пазар, каде што Исток и Запад ги отвораат своите тезги и нудат стока едни на други.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека едни викаат, други трчаат кон отворените телепринтери, јавуваат, добиваат информации, се продава, се нуди, со еден збор - сето тоа на неупатениот му личи на некоја бркотница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Концентрираниот видокруг пред нашето ширум отворено око можеби нуди можност за едно ново осознавање.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ми нуди цигара.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Пијат и ме нудат. Јас се бранам. Ама пуста прокуда. Не вели ми давапати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А во тој венец понекогаш ја молевме да вплете маргаритка, јасминово цветче, темјанушка, кој како наоѓаше и нудеше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Марко остана да седи ноќе на черга со подвиткани нозе под себе и да шепоти дека земјата,негова родна и неродна, го мачи додека туѓината го повикува и му нуди утеха.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе