обвинител (м.)
Како да сакаше мама да ме оправда пред моите обвинители.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Меѓутоа, многу од оние што се наоѓаа во првите борбени редови, вклучувајќи ги и полицајците, државните обвинители и свештениците сега сакаат укинување на забраната за уживање на лесни дроги.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И од таму излегоа триесет учители и професори, десет лекари и еден правник кој на времето беше и јавен обвинител на Албанија. Живите Врбничени се гордеат со нив.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ако ова дело го стори правно лице, ќе се казни со парична казна (чл. 170, КЗ). 8. Заради остварување на функцијата на кривично гонење, јавниот обвинител раководи со предистражната постапка и ја има на располагање правосудната полиција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Предлог за гонење се поднесува до надлежниот јавен обвинител, а приватна тужба до надлежниот суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна (чл. 289, ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)