обединувачки (прид.)
Трагаа по некаков квасец на обединувачкиот дух што се наоѓа во книгите...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тој трага по песната- катарза, која ги повикува и едните и другите, во обединувачката меморија, за да запрат масакрите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тито како владетел ја имаше харизмата на ослободителната борба против фашизмот и обединувачката мисија на Југославија, но и макијавелистичката, комунистичка доктрина на владеењето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Старите партизански, обединувачки маршеви и натаму се пееја!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)