обложи (св.)
Таа ми дејствуваше помпезно, зашто целата, и однадвор и одвнатре, секој нејзин дел е обложен со мермер, со македонскот мермер, така што овој објект ми стана уште поблизок.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Јас ќе го обложувам со киселини, со кромиди под носот, а тој ќе ми вели: - Отвори го пенџерено, затвори го пенџерено!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Целата таа ноќ не заспа. Само што ќе го навалеше дремка, едни те исти мисли дека згреши што се обложи, дека згреши што го спомена стрика Анѓела, дека којзнае што ќе излезе сега од сето тоа, дека кога ќе дознаат за тоа Максим и Костадин Дамчески крај нема да му има на срамењето, го штрекнуваа и го седнуваа во постелата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Горачинов собира снег и го држи на образот, се обложува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Им ги обложуваме раните, набиениците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ме пикнаа во еден бокс. Во некаков тесен долап, обложен со превртена кожа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Понекогаш дури и се обложуваат околу значењето на некој од нив, а јас „пресекувам“ и добивам дел од облогот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Утредента не размислував многу за тоа, но кога влегов во уредот го гледам Стен Вилис како се загледал низ прозорецот, онака среде ден, па му велам, да се обложиме дека знам на што мислиш, а тој ми вели дека сонувал нешто ноќеска, и пред да ми го раскаже сонот, јас веќе го знаев.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но, природно, кога еднаш ќе го разбереме тој двоен императив (толку оптоварен со спротивности), кога еднаш ќе се придвижи неумоливата критика на политиките, на сите политики коишто, во далечното или непосредно минато, ги создале претпоставките за војна (одлуката која можела да се донесе нужно била само страотно стратешко обложување чијшто влог - еднаш кога трагедијата се ублажила, со тоа дека никогаш ништо нема да ги надокнади мртвите кои ѝ беа цена - е можноста да се сочува помнењето, извлекување поуки и подобро разбирање на тој двоен императив).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се обложувам во пица, дека за триесет години ќе се испостави дека се луѓето креативни.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Кога акушерката ме принесе до татко ми, тој со изглед на зналец го погледна она што бев јас и воскликна: - Можам да се обложам дека ова е син!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Таа играла на тврдите технологии, претерала во сите димензии, се обложила и на небото и на пеколот...
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„ Се обложувам дека зад оваа слика има лебарки“, рече Џулија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ходникот низ кој ги поведе беше послан со мек тепих, ѕидовите беа обложени со светли тапети и бела дрвенарија и сето тоа беше беспрекорно чисто.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тешката физичка работа, грижата за домот и за децата, беззначајните кавги со комшиите, филмовите, фудбалот, пивото и, над сѐ, обложувањето, го исполнуваше хоризонтот на нивните умови.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Едноставно речено, згрешил, како што можеше и тебе да ти се случи, ако беше обложен со злато“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Згора на тоа, турската влада, којашто многу малку водела грижа за развитокот на стопанството на своите поданици, имајќи голема потреба од пари, кожите ги обложила со 12 проценти извозна царина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но Австрија, штитејќи ја својата индустрија, увезените стоки од Турција започнала да ги обложува со високи царини. Така сахтијаната ја обложила со 30% царина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Бил кимна со големата глава во правец на кулата со екранот, која сега личеше на гранитна шахта, но која всушност беше дрвена рамка потпрена на масивна основа од ѕидана конструкција, бочно обложена со танка цементна кошулка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кога времето беше жешко, освен како денешното готвење, што се вршеше на големиот шпорет на гас, храната, што се земаше од визбата или се донесуваше од бавчите, се подготвуваше овде надвор, на терасата и се јадеше на масата што беше обложена со дабово дрво, на која дваесетина луѓе можеа да јадат без да се тискаат.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)