обѕира несв.

обѕира (несв.)

Само што овој втор ноќен гостин одеше спокојно, како да не му е првпат да поминува од тука и не се обзираше плашливо на секој шум.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се обѕира и го чита потеклото и намената на предметите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кадијата горе на својата висока положба, гордо седеше на својот ат и одвреме-навреме се обѕираше назад да види колку е оддалечен од своите сопатници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Набргу детето ќе испливаше на брегот, слепено со грбот на својот коњ, па, не обѕирајќи се на извиците на престрашените мајки и нивните возбудени и восхитени деца, ќе одгалопираше угоре, преку маслиновата гора.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога го видоа Србина како се обѕира, се издолжија во лицата и не видоа кога Шишман го спуштил камчето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На пешакот изгледа не му се брзаше, та последниот коњаник често се обѕираше и викаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас одам крај нив, им мавтам со рака, а тие само одат и не се обѕираат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се обѕира и го чита потеклото и намената на преметите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А, на мене не обѕирај се, стара сум и грешам, често од невнимание го разлутувам, па после ми е криво.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Нешто таму на улицата се шугали, се обѕира некој да не го види и страотно вешто се вотна во куќата на тој кому верата не му дозволува да има куче.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Се прашувам“, рече мажот доаѓајќи од спалната соба и обѕирајќи се, запирајќи в час со лулето в рака.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од друга страна, нискиот данок на дроги не би ја обесхрабрил потрошувачката, по­себно не на оние дроги кои, како крекот, создаваат зависност која не се обзира на цена, живот, излагање на опасност или достоинство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Големите, намуртени, испотени глави на нашите балкански пливачи ѕиркаат од водата и не се обѕираат на непримерната сценографија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Туѓинецот стоеше сам. Обѕирајќи се наоколу можеше да ја види својата самотија, водата на убавиот брег и сонцето што се слизнува удолу во доцнежните бои на денот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А Тате стоеше беспомошно, се обѕираше долж собата како да бара одговор, но никогаш не го наоѓаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не обѕирајќи се на гаврановиот подбив, Жеро Жерав воспостави мисловен допир со мене: Ми даде повеќе од колку што ми беше должен.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Копај“, му велам, „не обѕирај се на камењата“. „Ќе копам“, вели, „ама ми е чудно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие се сега една мала толпа која, како секоја толпа, си има свои правила на однесување и не се обѕира на она што е вистина, или што не е вистина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веќе се дени, а јас неброено пати од постелата до прозорецот, и одново до постелата и одново до прозорецот, сѐ дури сам себеси не се фатиш за гуша и не се обзираш што крикнуваш: твојот крик како секавица ја преполовува ноќта и ти којзнае по кој пат осознаваш дека без себеси не се може.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ако не можеш да слушнеш, се обѕираш да видиш - што е тоа?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе