огномет м.

огномет (м.)

Не можеше веќе да мисли дека повторува зошто огнометот и отпорот на неговите мисли се слеаја во треска, го полавија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Огнометот растеше и го гореше мозокот, завршуваше пред границата на еден отпор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сакав да живеам, пиштеше огномет во него. Да живеам на ливади, да гледам облаци, да говорам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти налутен, го фрли термометарот во дувалото, при што тој експлодира како бомба, направи цеп во дувалото и започна да излегува лава, да разлетуваат светли парчиња на сите страни како огномет; парчињата паѓаа и на тебе, но ти обземен од радоста, ништо не чувствуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кинески огномет наместо лустер, петарда под фустанот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Имаше зимски ноќи кога се будеше со порцелан во коските, со студени ѕвончиња што му ѕунеа крај ушите, со ледени прободи во нервите како сива светлина од студени огномети што експлодираат, распрснувајќи се во вжарени снежинки над пустото тло, длабоко во неговата потсвест.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сцената блика во огномет од метаморфози.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мојата помисла во моментот беше дека се наоѓам во една од сликите на Ван Гог во која е прикажан чемпрес, а зад него се ѕвездите и целото небо, насликано како на крај од огномет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Еве чудесна уметност на модерното време еднаква на вештината за правење огномети од нашето детство.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Влатко посака да остане на плоштадот и да го следи настапот на музичките групи: најавени беа познати имиња, а на полноќ голем огномет.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
В лежеше на подот во својата куќа. Го слушна пукањето на огнометот и стана.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сонце, те сакам, ти реков додека во тебе гледав, а во далечина огномет ги палеше последните светла.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
За да ја скроти неговата љубопитност Ивона ја впери камерата во неговата глава, зумирајќи ги неговите сафирни очи фаќајќи го огнометот на искрите рефлектирани во нивниот сјај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И така чекајќи полека ќе ми препукне душата како огномет... и ќе се распрсне дел по дел од мене... и ти не ќе можеш да ја најдеш... ќе те сеќаваат само минатите времиња... и ќе се научиш да се движиш по лизгава улица... по која и јас еднаш чекорев.. можеби тогаш ќе ти бидам најпотребна , но ќе ме нема...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)