огорчен (прид.)
ПРВА ПОЈАВА АРСО АРСО: (Седи под оревот, пуши, гледа десно загрижен и огорчен.) Не можам да го гледам како заѕиркува во секоја прачка...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Полетаа каменици. Огорчени протести.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Навистина, тој е затвореник и токму поради тоа можеби е огорчен, а оној другион е слободен, но му е тешко и нему.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од црвената длабочина изронуваат неговите другари огорчени, згрозени, непомирливи: „Ја исполнивме обврската! А ти?“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Одговара, под маската на ведра резигнација: „Ќе мине“, не слушајќи го огорчените протести на пријателката - повторно помислува дека е премногу наивна за своето еврејско потекло.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Незадоволен сум и огорчен од начинот на кој се применуваат електрошоковите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А А , внимателно ме слушаше, беше навидум задоволен што зборувам, а огорчен што му се спротивставувам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се доби ваков текст: ЈАС, потресен и огорчен од она што се случува денес со ЛУЦИЈА, која е обесчестена, пристапувам кон партијата на ЛУЦИЈА и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на ЛУЦИЈА до степен на усвитеност, дека ќе ѝ ги вратам честа и достоинството и дека...“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас гледав во формуларот: на него беше составен еден ужасно патетичен текст, во кој најгоре, на почетокот, стоеше: „ЈАС“ (подоцна многу размислував за значењето на заменката „јас“ во партискиот и општествениот живот, воопшто), „Потресен и огорчен од она што се случува денес со здравиот народен дух и народната уметност, која е обесчестена, пристапувам кон Партијата на здравиот народен дух и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на тој дух до степен на усвитеност, дека ќе му ги вратам часта и достоинството и дека...“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- За да тормози, ете, затоа – беше огорчен Саше, но јас бев сигурна дека тоа не е вистинската причина.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Може човек да биде огорчен, во еден момент да се чувствува дури и сронат, но јас нема да паднам пред искушението на изгубена верба.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ако е тоа способноста да се војвам по заснежени падини за да ме изедат волците, благодарам, тоа го можеше речиси секоја огорчена будала.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Кога ќе го видеше човек како шета со рацете в џеб, со кренати раменици, смуртен, со паларијата наклапушена на чело, ќе си помислеше дека човеков е страшно огорчен на животот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Извесно време дланката од десната рака ја имаше положено на книгата, потоа ја отвори и почна да чита: “А сега да ти напишам неколку збора за нешто сосем друго: утврдив дека за време на подолг престој во затворот на чувствителните луѓе им се заканува опасност да станат огорчени непријатели, да почнат да го мразат сиот свет, отапуваат, ги обзема резигнација и стануваат премногу себични.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Обессилени, обезумени, озлобени и огорчени се повлекуваат борците на ДАГ.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)