одамна прил.

одамна (прил.)

По малку време се приготвиле свадба да прават за Босилка, чунки одамна била свршена.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да ти цути устата што ја порача! Оваа песна одамна не бев ја слушал. Така благо ми дојде да заспијам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Одамна ли си дојден?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Зелената басмена кошула ишарана со разнобојни јави му беше секогаш извадена над панталоните одамна износена и закрпена на колениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Одамна веќе беше ја наметнал црната риза и капа, се „подвизава“ заедно со сите негови „братија во Христа“; беше најмал брат и најпослушен, после дојдоа помали од него, а тој стана „ас'л калуѓер"; ги научи сите молитви напамет, дури и тие што „лекуваа“ најтешки болести.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Работата одамна беше готова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На поп Петка му одговори на здравоживото ладно, бидејќи одамна се караа по семејни причини, и му го покажа со глава малиот Крчо со неколку зборови: — Еве, го, го доведу, ама гледај да не го нападиш па оти со мене ќе си имаш расправиа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се ведне над восочен труп, распорен дрско и со еден замав. објаснува нешто на туѓ, одамна изумрен јазик, некакви формули и неизбежни правила, како догматичар на еден одамнешен век.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Последната пролет е одамна умрена. Пролетта не умира, се насмеав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Одамна било. Ако тоа не го памети Савка на Благоја, друг човек нема во селото кој би знаел.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Солзите одамна ги платил тој, господин Жан Мартин, со своето секојдневие.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Онака, бел од брашно, изгледаше дека одамна така стои и самиот скаменет во оваа дива, немила природа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
– Така ли е работата? – пламна кадијата и кој одамна беше ја заборавил случката со грабењето на мариовските деца, и пак се насмеа, па продолжи со извесно сомнение во Селимовото раскажување: – Којзнае!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој одамна никому не му е нужен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И рече: Оче Симеоне, од кај ќе почнеме сега, вака без место на жолтиот Нојов кораб со пијано кормило? * Почна како што заврши еднаш, одамна, пред аџилакот во смоларата - згрчен и в крчма, помеѓу дождалците неподвижни и невесели зарад неговата бескрвност и крв во очите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
1. Подвизи?... Без одговор на тоа необично прашање, лежеше долг и сонлив во градскиот парк и, израмнет со одамна покосената трева и рамнодушен за летните шумови, го слушаше недалечното сопнување на реката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Овде-онде распукани, парчосани олуци, како нечисти крпи одамна излезени од употреба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас одамна престанав да се фалам пред други дека некоја девојка спиела со мене.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе