одгледува (несв.)
Знаат, бездруго, дека ќе го закопам во мракот на визбата и знаат дека над него ќе одгледувам габи, од оние неотровни, беломесести, сочни.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој сметаше дека многу повеќе, се исплатува садењето компири, одгледувањето овошје, пред сѐ сливи, од кои во овој крај правеа надалеку позната ракија, што во секое време и секаде може да се продаде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Такви кучиња ретко кој уште одгледува во планинава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Врапчињата ги оставија стреите на селските кошари и копите со слама, каде што цела зима се тресеа од студ, и излегоа на слобода да ги бркаат бубачките и да прават меки седелца, во кои ќе ги одгледуваат своите мили рожби.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Почна да одгледува разни сорти кучиња: овчарско, миник, загар, лангач.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тоа е реткост во оваа индустријализирана земја и земја на оранжерии, во кои се одгледува цвеќе и зеленчук. Селата се врзани со градовите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На овие пазари најмногу имаше овошје, а се продаваа и јагоди, па дури и малини, одгледувани под стакларници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Зелена и лете и зиме, тука виреат многу видови растенија. Зиме се одгледуваат со топлите води од бањите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Болеста најпрвин се јави кај свињите од кметот кој прв започна, по толку години, одново да одгледува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Виното е деликатна работа... - рече отец Серафим, - племенит пијалок, ама најмачен за одгледување...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Чанга, се разбира, постојано мислеше на козите кои со векови, биле одгледувани, па сега се уништуваат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Беше дојден до информацијата дека еден од најумните од врвното југословенско раководство, кој како татко ми многу читал, во кого најмногу верувал и самиот Водач, а во еден период дури и Сталин, своевремено, додека се занимавал со одгледување и откривање на печурките, особено од својата родна северна република, помислил да ја ослободи земјата од козарите и да ја претвори во цветна градина со безброј печурки!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Би можеле да одгледуваме добиток, да ја обработуваме земјата, да имаме доволно за повеќе месеци ако се случи нешто.” Таа не рече ништо.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Гледајќи како го засака и како е умна пудлицата, Богдан се присети на своето куче од детството што им се роди и одрасна во куќата и кое го сакаа и одгледуваа како член на семејството, како човечко суштество, а не како куче.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Растењето е доба на одгледувањето; созревањето е доба на плодноста; староста е доба на ослободувањето од непотребното.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
По неколку дена зеде расни кучиња од град и почна да ги размножува и одгледува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Припитомувањето на целта, нејзиното одгледување и сигурниот „улов“ ја укинуваат смислата на „погодувањето“, средбата на стрелата и објектот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Новиот алфабет, тоа примарно средство за одгледување на нацијата, оснажи некаква форма на идентитет.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
7. Против литературното предавство на војниците од Светската војна За одгледување на народот во духот на борбена подготвеност E.M. Remarque Маргина 35 55
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Сакаме пишување кому повторно светињи ќе му бидат семејството и татковината, народот и крвта, целото постоење на набожни врски што ќе нè одгледуваат во духот на општественото чувство и заедничкото живеење, било меѓу роднините, било во професијата, како следбеници и работници, било во племето и нацијата.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)