одговори св.
одговор м.

одговори (св.)

Ако, пак, некој рече дека не ги донаправил добро, бидејќи и сега се доправаат, и на тоа ќе одговориме: „Исто така и грчките многу пати се поправани од Ахила и Симаха, а потоа и од мнозина други.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ако нѐ прашаше некој Турчин што сме – ќе му одговоревме дека сме или „каури”, т.е. неверници, или „раја на царот”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На тоа јас можам да го одговорам само ова: по моето мислење, сегашните, т.е. мирцштегските реформи се максимумот што можеше револуцијата да го ископча од Европа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турчинот ќе ни дојдеше во куќата, ќе се најадеше, ќе се напиеше и ќе ни речеше: Бре ѓаур! ај донеси ми тоа и тоа! – ќе му одговоревме: Сега, беим!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
МИТРЕ: (се мачи да одговори не е навреден). Вистина...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ама сакам машки да ми одговориш и умно, како што говореше, бог да го прости, татко ти.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мече не одговори веднаш.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мислев дека нема никого, - плахо одговори Мече, како да се правда.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Имав работа – важно одговори Беличот. – Зошто си ме барал? – Мене не ми се останува тука.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Да не те брка агентот? - Не, задувано одговорив. - Така ми се трча и трчам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Не можам, одговорив тивко. - Јас навечер морам дома да се приберам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Само бог, важно и самоуверено одговори Баждар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На поп Петка му одговори на здравоживото ладно, бидејќи одамна се караа по семејни причини, и му го покажа со глава малиот Крчо со неколку зборови: — Еве, го, го доведу, ама гледај да не го нападиш па оти со мене ќе си имаш расправиа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Чиј беше тогаш тој глас?“, — се праша Митре и со молњевита брзина си одговори: „На бацка Петрета“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ми се спие! — одговори Крсте и си ја подви главата под козинавче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никое од децата не му одговори.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Најдо помисли и вака му одговори: - Навистина на мака си, ма си изел што не се јаде и сега ќе тргаш!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Никое од децата не се реши да му одговори.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Јас повеќе би сакал, докторе, да објасните кој пукаше во вас.“ Не му одговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Што сакате?“ ја завлече едната ракаво раскопчаната блуза, но пред тоа одговори, брзо уште пред да го чуе прашањето како за некого да научил напамет еден невешт изговор: „Војската ја напуштија активните офицери.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе