одисеја (ж.)
Еднаш, по таа чудна ноќ проведена крај заспаниот човек со уништен разум, се обидов во едно друштво да ја прераскажам одисејата на скитникот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Од тој миг почнува нивната трагикомична одисеја, која всушност, претставува и временска рамка на ова романескно дело.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Кога нив ги прочита Лордот Џон Гордон Бајрон, пред да замине во неговата славна балканска одисеја, беше начисто за религијата на Албанците …
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Со тивка, ненаметлива упорност, во залезните години на животот, сакаше да нѐ доближи до својата некогашна одисеја и големите тајни на животот, но тоа го чинеше со многу такт за да не влијае на однесувањето и постапките на своите блиски, потомците.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Нему можеше да му ја раскаже одисејата со сиџилите, започната уште пред болеста, во кабинетот на Мирон Донски, што траеше сѐ до денешниот ден.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
I Да можеа да зборуваат сите Мајкини гени и хромозоми, тие ќе ви ја раскажеа најнеобичната балканска одисеја на еден живот минат, во најголемиот свој дел, во одбраната на едно семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
XXVI
Долго време Елен Лејбовиц на еден брилијантен, можеби единствен можен начин, за кој долго време се прашував и никогаш не најдов одговор со што го бев заслужил, го бранеше постоењето на мојата балканска сага, живееше со проблемите на моите јунаци, со смислата на нивното книжевно и можеби реално продолжување, ја бранеше нивната книжевна одисеја во Европа, потоа ги бранеше земјата (поточно земјите на авторот, како што таа нагласуваше) и авторот на сагата во времето на конфликтот во Македонија во пролетта на 2001 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Нејзината балканска одисеја заедно со нејзиното пијано ќе заврши во Берат, чиј градоначалник тогаш беше нејзиниот маж, Илјаз Вриони.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Го чувствував како свој постар брат во животот, како собрат во неизвесната творечка одисеја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Неговата диплома, како во невозможна дипломатска мисија во татковината на животот, го спасуваше животот на семејството во балканската егзилска одисеја, без никогаш да ја открие својата Итака И конечно во стратегијата на спасувањето на своите деца и семејството во егзилската емиграција, покрај неговото речиси фанатично молчење за своето минато, кое според некои негови претпоставки можеше да биде опасно за неговите пет синови и едната ќерка, тој внимаваше тие да се определуваат за училишта и факултети кои го заобиколуваат затворот, како што нагласуваше во ретки прилики.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во овие предели на изгубениот рај на детството, моето семејство најде спасоносен пристан во својата неизвесна балканска одисеја, по победата на подводниот змеј при минувањето на границата во Езерото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Конечно откривањето на битолските кадиски сиџили (од ХVI-ХIХ век), го запечати крајот на егзилската балканска одисеја на Татко и семејството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)