одлачи (св.)
Се одлачуваа од ноќта сосема тешко, црни и бездомни како неа, искрснуваа заглувнати, чиниш некакви притулени далечни искрења во таа темница, за потоа да почнат да се приближуваат, сосема бавно, токму онака како што беше потребно, за да се заборави на сѐ друго, освен на тоа нивно наидување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Согледувањето на самиот себеси низ времињата кои минале, но и низ оние кои допрва ќе дојдат, не е одлачено од стравот кој самиот себеси се тегне низ стиховите како товар и како сенка.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Од македонскиот џип излегоа жената со косата во колак над темето и еден висок и слаб маж, додека пак од грчкиот џип две жени дури и помлади од Пелагија со пријатен изглед и убаво облечени и еден маж свалкан како топка кому можеше да му се одлачи само малечката глава.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Добро било да се потсетат на тоа време со некое заклано јагненце без да се прашат дали имаат некоја скршена за да го купат оти порано лесно било од сопствениот булук да одлачуваш не само за Илинден, туку за било која слава.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Со одлачувањето - настапува делба, почетокот на разделбата и се создава нов однос и врски.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)