одликува (св. и несв.)
Како чауш и башчауш во јаничарските редови Мехмед во неколку крвави борби во Персија и Анадолија се одликува со вонредна храброст и јунаштина, а особено со војнички способности и многу придонесе за успешниот исход на борбите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Прилепскиот затвор се одликуваше со својата строга дисциплина но и правичност.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- И Силјан Коларов се одликува со железен крст, ми читаат, а јас им велам, благодарам дека не добив дрвен.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Уште во раното детство се одликувал со трудољубивост, човекољубивост и големо другарство.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Генералот ми ја зеде десната рака и ми го стави орденот во дланката, велејќи ми: - Благодарната грчка татковина посмртно го одликува вашиот син и го унапреди во чин десетар.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Учествувале и во бугарското Априлско востание, во Руско-турската војна од 1887-та, кога и биле одликувани од бугарското кнежество за покажаното геројство, во македонското Кресненско востание 1878-та, кога по задушувањето на востанието, одново се вратиле во Бугарија за да ги изгубат животите во 1885 година во односната Српско-бугарска војна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Откако бил примен лично од Махмуд II и лично од него одликуван со орден, добил и три царски фермани: едниот да смее да носи оружје во секое време и пред секого, вториот да седи во Покраинскиот меџлис и да го заштитува народот од сета Мијачија и од сета Деборија, и третиот, кој бил издаден лично на негово барање, да смее да подигне џамија во Лубаново и црква во Лазарополе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само мртвите никој не ги одликува, што се вели, ним ништо не им треба.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас бев одликувана за храброст.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Оваа фаза ја одликуваат зголемена емоционалност, немир, а понекогаш дури и напуштање на проблемот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кога после војната Бојс се врати во Клеве беше одликуван со орден со златна лента која се доделувала на ранети, поради тешките рани што ги добил за време на борбите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Уметноста на Дмитриј Гутов ја одликува научна интелектуалност и воздржување од екстровертни провокации.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
По падот на сталинизмот и комунизмот во Албанија, името на чичко се најде на првите страници на листата на мачениците, беше постхумно одликуван и славен...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Од времето на италијанската окупација покрај широкиот булевар останаа и зградите на неколкуте министерства во центарот на градот кои се одликуваат со нивниот хармоничен изглед и барокни фасади.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Винстон продебатира во себе дали да го одликува другарот Огилви со Орден за специјални заслуги: на крајот реши да не го одликува, затоа што тоа би ја наметнало потребата од внесување нови податоци во други документи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Колку и да беше предан, во него немаше ни трага од онаа исклучивост што ги одликува фанатиците.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Некој си другар Видерс, истакнат член на Внатрешната партија, бил посебно пофален и одликуван со Орден за исклучителни заслуги од втор ред.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога ќе пораснете да се одликувате: со машка сила, надворешност, вештина и леснотија во своите вежби!
Вие немоќни и сакати да одите на море.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Овој чичко се одликува со памет, ерудиција, башка државничка мудрост...
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Не може да се рече дека таа се одликува со
сериозна устременост и дисциплина.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)