одмине св.

одмине (св.)

Таа од високо надѕирнува низ прозорците, ќе погали некое детенце, ќе му ги заклопи очите на некое што уште не заспало и ќе одмине потаму.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сакав да го одминам - но ми направи впечаток еден голем, син плик кој беше најозгора.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одминаа убавите летни денови. Венат тревите, жолтеат лисјата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Одминуваат месец, два, настапува третиот. Глигор сѐ понемирен станува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Доцна е да молам да ми простиш. Минував пребрзо и ја одминував твојата податливост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ти се преправаш само рамнодушен. Ти не можеш да го одминеш тоа...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одминуваа, нишкајќи се неизгубени, низ тоа снежно море. Дишеа од развиорените снежинки пред своите лица.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа оставени надвор од неговиот свет и денот, што одминуваше во неговите прозорци, и налетите на ветерот, со оној нивни мек закискан допир, и сите, сите други мисли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Та тие беа го нашле некаде и сега го однесуваа некаде него; а она ритмично и претпазливо нишкање доаѓаше само од нивните куси чекори, со кои што одминуваа тие, внимателно однесувајќи го.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не помислувај дека јас, како и Бузо, со молчење ве одминав заради тоа што се плашам од него или пак го сметам за неразделен другар.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тие што не воскреснуваат гледаат под прозорците како одминува историјата И како догорува уште од пред три века некоја запалена свеќа И како расцутува сѐ со горчините на вјеки веков.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Квечерина некоја далечна камбана го ниша времето И гледаш нешто од тебе како се кине И си одминува.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Одеднаш Саздо застанува, гледа во задниот вагон на возот што одминал а мислите му летаат далеку. Сане го посматра загрижено.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
„Детето ми израсна! Детето се измени!“ - си мислеше дедо Димо гледајќи го, и радостен што внук му узрева, станува човек, и тажен што одминаа деновите кога крај себе гледаше весело, пргаво дете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таквите одминувања – прескокнувања на времето и поместувањето на аголот на гледање на нараторот, внесуваат живост и го прават подинамично патувањето...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пукаа по повеќе одеднаш од што прво под себе ќе почувствуваа тресок, а потоа наидуваше некој татнеж што како облак што оди и по земја ги заплиснуваше, одминувајќи и јачејќи во ехо некаде по планињето зад нив и под езерото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Влегоа под оревот Трајанов и веќе го одминуваа кога одеднаш се стаписаа на место.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Чувај ми ја планинава. Чувај ја за идното лето кое ќе биде поубаво од ова што одмина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан мислеше на своите. Во градите уште од некни му се валкаше мала грутка неспокој, која, со одминувањето на деновите и со непрестајното пластење на снегот, нараснуваше, почнуваше дури и да боли.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Меѓу илјадниците ѕвезди, бубачки, тревки, луѓе запомна само име – две; Меѓу илјадниците скриени во јавето, цветањето, молчењето, стравот, сонот препозна само глас – два; Меѓу илјадниците расфрлани низ жетвите, раѓањето, плодовите, луњите си одбра само боја – две; Меѓу илјадниците што патуваа, одминуваа, се криеја, разболуваа си одбра само жена-две; и уште нешто-две, И толку.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе