окоти (св.)
Кога пораснаа мачињата - и тие окотија други мачиња и така набргу целиот двор на Полин се исполни со мачки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
По извесно време кога му окотија седум мачиња, го прошири кафезот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)