омега (ж.)
- Седржителот небесен е алфа и омега. Пејте му и славете го. Кажувајте ги сите чудеса негови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Геа, со раскошни гради, мајка на сите створенија... била сосема сама по себе уроборос... змија која ја гризе својата сопствена опашка, алфа и омега...
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
И покрај внатрешниот немир, а веројатно и грижата на совест поради напуштањето на своето татково огниште и поради избегнувањето да земе активна улога во акциите за самобитноста на Македонија, Христов со своето творештво, кое од алфа до омега е поврзано со Македонија и дијаспората, гради свој морален интегритет во својата втора „посвоена“ татковина.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)