опоен прид.

опоен (прид.)

Се изгубија сенките, сѐ пропадна во темница, во оној есенски сон, опоен како мирис на босилек и длабок како мајчина тага.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во тој неделен ден го тргна од тежок, опоен сон некаква улична расправија. Беше запарно и здодевно. Воздухот просто се лепеше за душник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Градината се исполни со неговиот опоен мирис.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Една приквечерина, додека го дишеа опојниот мирис на сеното, припиени еден до друг, некој мина крај кошарата и им свика: „Внимавајте, ќе го потпалите сеното...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Розовата долина“ врие од ружоберки, кои го кинат цветот од бодликавите гранки; ружата мора навреме да се набере, да се добие од неа најмногу масло, најмногу есенција, најмногу опоен мирис.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Честопати таквите дочекувања на ноќите и глетките како сакатите девојки носеа цвеќиња во своите коси имаа необична, таинствена, восхитувачка, занесна, опојна среќа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Обрастен со разно зеленило брегот е убав во секоја доба: во пролет е прошаран со цутови од секакви бои што шират опоен мирис и им внесуваат немир и возбуда на пчелите; во лето се гледаат разни плодови кои дрочат на сонцето и ги намамуваат птиците; во есен не се знае кое дрво полична боја има; пламтат лисјата како оган; зиме покриени се со бели пулајки, реси и чипки.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Опојните, кристални звуци што, преку ширум отворените прозорци на колипката, се протегаа кон ниско наведнатите гранки на костените, преплетувајќи се со отсјајот на носталгичното септемвриско сонце.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Вдишна повторно шумно. - И никогаш не сум почувствувал вака силен и опоен мирис на лилјани - рече вртејќи се кон лилјаните.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Патот до границата е стрмен: наместа оди низ тунели од густо борово зеленило, потоа низ чисти ледини презаситени со опојни мириси од секакви билки и цвеќиња, потоа патот слегува надолу во планинските усеци низ кои шумолат планински потоци, и пак се крева нагоре по голиот планински стр од каде што се открива прекрасен видик на сиот простор наоколу.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Имало кози кои одвај се извлекувале, го спасувале животот по долгата опојна прегратка на незауздивиот прч.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не гореа веќе неонските светла, ниту се слушаше музика, не се ширеше опојниот мирис од кујните.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
НОРА: Би те коригирала. Друштво за заштита на зависници или уживатели на опојни средства.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како што болеста сѐ повеќе му стежнува и го истоштува, така сѐ повеќе запаѓа во соништа што го измачуваат: шета на улиците на Виена; воздухот му носи опојни мириси на леандер, орхидеја, зумбул, рузмарин.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дишејќи ги така опојните мириси што избиваа од сламарицата, чувствувајќи го нивното благотворно дејство, на ум му дојде истото вакво дишење на сламата во плевната кога како дете се разболе; бегаше од болеста што го имаше приковано за креветот во собата и одеше кришум во плевната и запретувајќи ја главата во сламата и сеното, дишеше од миризбата и чувствуваше како го закрепнува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не е како опојниот жар на тропските краеви кој како со тупаница те удира во глава, заводнички и распален.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше времето кога цветаше лавандата и нејзината опојна миризма влегуваше во луѓето, во душите, продолжуваше во морето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Напати остануваше омаен од опојната синтеза на верскиот простор на големите цариградски џамии.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И двете знаеја дека тоа се должи на разговорите што ги водеа додека ручаа или во неделите додека пие кафе на масичето во дворот заплиснувани од опојните миризби на цвеќињата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе