опсаден (прид.)
Луѓето се прибраа, и бидејќи останаа без водач, и не помислија да им притекнат на помош на опсадените.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Престанаа со пукањето и едните и другите, но Турците, таман се затемни убаво, ја запалија племната од комшијата Стевана и целото куќарче го осветлија, та Шаќир и Јован не можеа да го направат предвидениот препад зад куќата и да го скинат опсадниот обрач.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Прво било навестено прогласување на опсадна состојба, меѓутоа, владата се задоволила со поблаги мерки и со издавање на наредба за формирање на Воен (прек) суд за брзо судење на атентаторите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Градот сега е во полна опсадна состојба. Дуќаните се затворени...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)