оптегнат (прид.)
Тоа е џвакање со ококотени очи, со оптегнати жили на вратот, (ржење наместо говорење во таа краткотрајна и жестока битка со гладот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Чадливата светлина откриваше јама полна со суштества чудни, развлечени, искривени и измешани во едно неодредено тело, со многу глави - еднооки, оптегнати и разиграни во транс.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Строгите линии на неговото лице се накршија и низ возбудливото занесно шепотење прстите на оптегнатите раце фаќаа во просатранството нешто необично, меко, нежно, податливо...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Месечината одблеснуваше со онаа своја болна светлина над маслините и чиниш рееше тагување над оптегнатиот лав во тревите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од она, што го пиштеше сега неговиот глас, оптегнат како полна напната струна над целата Бела Долина, излез не постоеше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Најлесно му е да заплаче. И Зоки почнува да плаче долго и оптегнато.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
А таму имаше што да се види: куќичка со црвен покрив, алишта - бели, црвени, жолти, - прострени да се сушат, крави и теле на една ливада, високи електрични столбови и жици оптегнати од еден до друг... А зад сето тоа - рид!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Но веднаш потоа избувна оптегнат лаеж на друго куче, а со него пак се повтори и му се прилепи дебелото, татнежливо лаење на кучето што прво се огласи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ушите му се оптегнати и на долниот крај зафатени, без јаготка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Промаршираа со оптегнати раце крај телата, со закован поглед во двајцата офицери на ДАГ.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Му ја отворив челичната порта на сонот, но тој претпочита да остане тука, во мојата соба, незаинтересирано оптегнат меѓу ракописите.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
И кожата му мирисаше слично, му беше мазна, топла, темна и оптегната над цврстите мускули од рацете.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ако си граматик или сказник, писател ако си, и ако ја напишеш првата реченица точно, тогаш си постапил како вешт ловец кој добро нанишанил пред да ја пушти својата оптегната стрела во пленот свој; ако не, безумие во сочинението настанува, и сите подоцна родени зборови, гласови и букви се залудни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И сега, кога Паско Бачо, возач во пензија, веќе облечен за излегување навечер кон продавничињата кај мостот, во кошула со цртежи од австралиската фауна што некој роднина му ја пратил од Волонгонг, сега кога Паско оптегнат со стомакот напред рече дека широко е почнато копањето, Жабе зина и само рече: „Многу широко“, и пак почна да џвака.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Беа како оптегнати виолински жици, како распнатата кожа на тапанот македонски, пред да се игра орото.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Вдлабнатите очи му гореа под веѓите, кои личеа на стреи, коцкестата брада со расцеп му беше издадена нанапред, а кожата на безмесните вилици му беше цврсто оптегната.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Време е и на малите деца да им се покаже дека рицарот се мери по оптегнатата стрела и по секавичното слекување на волнени оклопи.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Имаше кучешка муцка која се обидуваше да се насмее, но никогаш не го правеше тоа, задржувајќи ги кисело развлечените усни како оптегнат ластик подготвен во секој миг да се ослободи од стрелата свртена кон оној што беше пред него.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Така некако си дума Отело, вѕверен ту назад ту напред, готов уште еднаш да заигра на жицата оптегната меѓу минатото и иднината.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)