оптимистички (прид.)
И покрај напредокот на науката и технологијата и нивните оптимистички ветувања за убавиот нов свет, кадешто ќе работат машини наместо луѓе, во 1993 година во развиените западни општества живеат во сиромаштија повеќе деца отколку пред две децении.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Таа, кутрата, секогаш имаше моќ, и во најтешките мигови на животот, помислувајќи на децата, да ја активира во свеста оптимистичката варијанта.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но оваа оптимистимистичка претпоставка потемнуваше штом ќе се свртев кон темните ридови на сомнението.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Нели, чудно е тоа задоволство што те обзема кога ќе го пронајдеш негде во дворот магаренцето што те донело дома здраво и живо, со сите твои делови - беше оптимистичкиот заклучок што му ја поттикнуваше срамежливата среќа на Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дојде дома од работа, ја тресна вратата и продолжи со гласното туширање, потоа ги намести сите потребни артикли за готвење на масата, и сиот свеж, радосен, агресивно намирисан и оптимистички настроен, тргна кон соседната врата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Постоеше можеби основна противречност: тивкото и тажно пеење на Дарвиш не се совпаѓаше со гласното и оптимистичко верување на Арафат во враќањето и најдените зборови на слободата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Филозофот од балканско потекло ги урнуваше во мене сите оптимистички химери, сите можни лажни апсолути, метафизички или идеолошки илузии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во неа тој оптимистички ќе заклучи дека за наша среќа и за среќа на нашата иднина вистината напати без туѓа помош умее да ги прескокне сите објаснувања. (Еве и овде е загатната иако не сосема прецизно таа чудесна вистина што тој ја означува како подвижна).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но и покрај краткотрајната надеж и оптимистичките написи за можноста од давање отпор на нацифашистичката окупација што можел да биде укажан од страна на југословенската војска, реалноста на теренот била сосема друга.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таа оптимистичка нишка доаѓаше до израз на тие мои часови по француски јазик.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)