оружје (ср.)
Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Страва не минеше од нас. Од смртта исплашени тогај зедовме оружје в рака. Чувствувавме дека ни мрзнеше крвта..
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Штом опасност видеше Кузман од негде, тој тешко мавташе оружје ледно. Во погледот - острина.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Комитетот кажуваше дека нема чети, нема противдејство на реформите од негова страна, а пак Турците кажуваа дека има чети, населението дека има оружје и се готви за востание, војската има постојани судири со четите, четите ги убиваат мирните жители што не ги слушаат и му се верни слуги на падишахот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
46. Другото нешто што се бара од нас е да се обрнеме кон нашите браќа што војуваат во татковината наша да го положат оружјето за да им се даде возможност на Русија и на другите сили да ги преземат сите мерки што зависат од нив за да се задоволат сите наши религиозни, национални и економски интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А бидејќи таквото обезбедување никојпат не е сигурно, без да се ангажира една од големите држави или неколку од нив со оружје в рака да го поткрепат тоа обезбедување, тогаш од Бугарија не можеше да се очекува замешување во македонските работи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
(Тргнува кон спалната и го здогледува оружјето до миндерот. Застанува.)
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
СЛОБОДАТА: Денес робот ќе го крене својот глас и со оружје во раце ќе се обиде да ги скрши оковите што ги влече цели пет века!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
СЛОБОДАТА: Не си ли ти оној кој ги убеди и најсиромашните да си ги продадат кошулите од грбот за да купат оружје потребно за големата пресметка. МАНОИЛ: Да!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Во Битола Ѓуро не заборави да издејствува помилување и за своите двајца четници Колета и Стојана, но додека тој се задржа таму да ја положи клетвата и го утврди „посрбувањето", наредникот успеа да ги фати неговите четници и една ноќ ги „суреди" обајцата со ладно оружје — по еден штик во градите — и ги закопаа во грмаѓето Уровички.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во тоа време, шест седум месеци по свршувањето на војната, останаа полни магацини со оружје, а во секоја смрека имаше по петшест пушки, револвери, бомби, та дури и цели митралези се наоѓаа ако му требаше на човек.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапоносни агенти: оџачари со мердивани за да подгледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предводени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрчкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога погледна на таа страна го виде поднаредникот како лежи врз раката со која се обиде да го извлече своето оружје.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А кој бара доверба од нив. Под клетва се, под оружје.“ „Треба да бидеме претпазливи“, рече поднаредникот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тие макрои секогаш носат студено оружје - нож, или челичен боксирач.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Не, Ханс, тој е пијан.“ „О, он етна свиња“, добродушно се насмеа Германецот враќајќи го револверот во футролата но тој полека од мракот го сврте своето оружје кон него и чу, и виде.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А штом некој ќе се обиде да ги покори, тие се дигаат со оружје в раце и спречуваат секакво исполнување на царските закони во тој крај.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Па и да сакаа, немаа со што, бидејќи оружјето што го имаа се собра со време во тврдината и сега тие беа раат работа долу, по Воденско и Солунско Поле, за да можат да ја пречекаат суровата зима по нивните изгорени и ограбени куќурки.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Со пушки, пиштоли, јатагани, секири и друго оружје, па и камења паднаа на селаните со бесни викотници. – Удри, коли, сечи, тепај! – се слушаше од побеснетата толпа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
ЛУКОВ: (По мала пауза.) Да. Ракувате ли добро со оружје?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)