ослушне св.

ослушне (св.)

Поарно да го разбудам. (Доаѓа до вратата и внимателно ослушнува.) Грчи ли, грчи!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тогаш тој му се наведе до лицето, ослушна за час – во ноќта осем песната на штурците не се слушаше ништо друго – и му шепна: - Ќе одам на Младинскиот канал ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Така згрчен, ги ослушнуваше шумовите и итро, со ледениот сјај на тркалезното око, го следеше несигурното движење на непознатиот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не, се тргнав ослушнувајќи го нејзиното дишење. Јас уште не патувам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие се крилја на мртва птица и со нив е умрена и нивната желба за лет, за милување. Ослушнував.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги стисна забите и замре, ослушнувајќи ги своите мисли.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Каква акција, Оче Симеоне?“ уморно праша Мануш; ослушнување не доаѓа ли блондината, тој куп на неброени ковчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ уште собран на клопче, со брада нурната меѓу колената, тој вознемирено ослушнуваше, ноќта надвор се полнеше со тропот од коњи и забрзано трескање на тркала врз гола калдрма.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ослушнуваше: звукот од чекорите се растураше напред и назад, во една линија, и тој сфаќаше дека се движат низ тунел.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Салата, занесена од она што соопштуваше офицерот, сѐ уште ослушнуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
САЗДО: (Ослушнува внимателно и го вади џебниот часовник) Еве го патничкиот, точно навреме!
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Во недела попладне, ѕвончето на нејзината врата брзо и нестрпливо заѕвони неколку пати. Професорката збунетто ослушнуваше.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Престана да ги ослушнува нашите гласови, затворен во спалната, со книгите. Спалната мирисаше на тага.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледаше и ослушнуваше да види да не лежи некаде ранета.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сѐ побавен, поситен, го ослушнува топотот на сопственото срце.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ослушував: некој на вратата гребеше, туркаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Нешто пред договореното време, тој го виде Карер како застанува под прозорецот и во веќе видениот ритуал, го отвора тешкиот капут барајќи си го часовникот што го извади од џебот на елекот, го погледна, потем го нави, го ослушна, го врати наместо, ја намести паларијата и зачекори кон долниот влез од просториите на СС командата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)