осмолетка ж.

осмолетка (ж.)

- Па мислам кога ќе заврши осмолетка, што ќе учи понатаму?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Божем го смениле затоа што Сврделот беше само со осмолетка, прикрпена по војната, а тој Граматниковски беше дипломиран правник!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По завршувањето на осмолетката, според успехот што го покажавме, нѐ распоредија некои во гимназија, некои во стручни училишта, а некои на занает.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Бев во нижите години на осмолетката „Маршал Тито“ кога Бубите од Ливерпул го испеаја својот реквием. Беше тоа мелодијата „Облади-Облада“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Уште во осмолетка се вљуби во првиот комшија. Во истата зграда, на истиот кат, во различни влезови, ама балконите им беа еден покрај друг и ги делеа само два реда саксии со сардели... и голема разлика во години.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)