осој (м.)
Сливите, крушите, кајсиите, ѕенѕерите во даскаловата градина се променија во бело, јаболката и праските во црвено, а на сето тоа — лилјакот го покри целиот осој со своите антерии.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се наоѓаме други Се прегрнуваме Од таа страна осои небидницата. Изеди се ѝ нарачуваме Не се враќаме.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
- Цин-цин! Цин-цин! Цин-цин! - се ширел низ присоите и осоите ѕвонот од стадата...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Еда, најдов само две, еда згодни буки, ба му ја, вели Давиде Недолетниот, ама едното е, еда, многу на сонце, вели, а другото е многу в осој, еда, под сенка, да му’бам мајката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ни фаќаат и присој и осој и видик.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Едната е присој, другата осој, едната лазурна, другата траурна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сфатете, предупреди еден меѓу нас
кога народот ја претчувствува
мемлата во говорот, офтиката
несомнено насетува неслобода
осој, таму кајшто треба да припекува
слободата на зборот и мислата
сласта на грлото кога го испушта
гласот милозвучен
ништо подлабоко во човека не пробива од јазикот
во него е сѐ она што по којзнае кој пат било
не само овде и не само во нас.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Третото за ќефови - мачки во осој, залез во доцна лето, лубеници на кришки, виножита и вилини коњчиња.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Но, денес, и од денес понатаму нашите души ќе бидат планина без осој и студенило на темните сенки.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)