оспособи (св.)
Каков нов и млад момок беше придодаден кон еден долгогодишен момок, и овој си ја зеде грижата да го оспособи Сталета за добар чифчија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Самата од бедна фамилија, порастена во мало шумадиско место, знаеше за сите тешкотии и понижувања на женските, деца кои немаа можност да добијат стручно образование: да се оспособат за шивачки, плетачки, везилки...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Разговарав со еден млад пациент, пак од нашата земја, кој со интервенцијата на Гио во разните канали на нервниот систем, односно во центрите за движење на малиот мозок, успеал, според сето она што денес може да го даде неврохирургијата во светот, да му ги смири движењата, неволните, рефлексивни движења на рацете и на главата и го оспособил да може самостојно да се служи со раката, да може да се вклучи во животот со значително помали недостатоци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Да послезе водата подолу, да се исцеди во ендеците, да се оспособи за сеење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не верувам дека тоа е оспособувачки. Тоа може да биде така само во негативна смисла.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дел од просторијата оспособија за мала читална.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
„Мора да ги усвојувате сите организациони работи“ напомена претседателот Томе - „в година ние ќе си заминеме во средно, а вие ќе сте осмо, па ќе треба и да раководите, и да работите, и да оспособувате подмладок.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Сега дубровчаните, најмногу заинтересирани за трговија, пополека го доведуваа во ред и го оспособуваа за своја колонија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Имено, работниците уште имаа право да бараат заштита на своите права пред надлежниот основен суд, но повеќе не во наведениов случај т.е. кога ќе беа прогласени како „технолошки вишок“ – што, секако, беше на работ на неуставноста. 25 д) бројни негативни промени претрпе одредбата од ЗРО (1993) според која работниот однос не може да престане ако на работникот не му е обезбедено барем едно од следниве три права: (1) вработување кај друг работодавец; (2) стручно оспособување, преквалификација или доквалификација; или, пак, (3) испратнина – чл. 130, ЗРО/93: • во врска со испратнината, со промените до кои дојде со носењето на ЗРО (1993) веќе не се предвидуваше дека работникот, кој бил прогласен за технолошки вишок, а на којшто работодавецот не можел да му обезбеди ниту едно од правата во согласност со закон – има право на паричен надомест најмногу две години, а кој не може да биде помал од загарантираниот личен доход, како и право на пензиско и здравствено осигурување за овој временски период кога е без работа (чл. 18, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Четврто, усвоена е одредбата според која лицата кои не се осигуреници, но кои се здобиле со инвалидност под наведени околности во законот (на пример, ученици и студенти при практична работа или невработени лица при стручно оспособување, преквалификација или доквалификација), или кои зеле учество во одредени активности (елементарни непогоди, обука по покана на органите на одбраната, културно-уметнички манифестации и натпревари и друго) имаат право, преку професионалната рехабилитација, да се оспособат за работа на работи според стручна подготовка стекната со школување пред настанување на инвалидноста (чл. 15).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај нив, право на парична помош имаа уште четири други категории невработени лица: жените корисници на паричен надоместок за време на бременост и породување, лицата кои посетуваат стручно оспособување или преквалификација, лицата на кои работниот однос им престанал поради стечај или редовна ликвидација на организацијата во која работеле, како и оние лица со повеќе од 25 години стаж на осигурување (чл. 19, 21, 23 и 36, ЗВ).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работодавачот обезбедува заштита на инвалидите при вработувањето, оспособувањето или преоспособувањето – во согласност со закон (чл. 177, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работникот кој се образува, дошколува или оспособува во согласност со ЗРО, како и работникот кој се образува, дошколува или оспособува од сопствен интерес, има право на платено отсуство од работа заради полагање на испити (чл. 155, ст.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оспособени од теоријата или не, нашата одлука резултира секогаш со тоа: поради една радост да се јавуваат две таги.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Веќе споменатиот нобеловец би рекол дека за да ја донесеме одлуката на кој од овие три побарувачи би требало да му припадне театарот, ни треба теорија која ќе не оспособи да заклучиме дали со некое наше дејствие сме поблиску до правдата или сме подалеку од неа.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)