осуденик (м.)
Во 1944 година Чашуле го организира успешното бегство од тој затвор на повеќе од 300 осуденици, по што активно се вклучува во завршните воени операции за ослободување на Македонија.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Им се сторило дека немо се простува од нив, меѓутоа се оддалечувал со тешки и паднати раменици, со напор на измачен осуденик што сепак во определен час според непроменлива пресуда ќе стаса на губилиште со бесилка или со куки за бесење, за патување кон вечниот мрак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Голи биле ритчињата, можеле да се доголат и планините - утре ни беговите не ќе најдат дрво да обесат осуденик, ни копуците ќе најдат гранка да му го скршат вратот на бегот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
до госпоѓицата осуденик допираат само крпчиња пареа од одалечениот свет- бледите испарувања се распрснуваат низ шумата- нема каде да се оди- за госпоѓицата осуденик нема ни најмало патче- таа всушност и не постои- дише чекори зборува дури се храни и води љубов но животот прекинал со неа ни здивче ветер- во шумата сум- во салата сум-
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
промени промени - како на медуза - јас сум госпоѓицата осуденик - во непознатите дрвја - таа залудно талка по изгубеното клуче каде е клучето - каде е слободата - недопирлива во далечините-
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Чувствувајќи се како осуденик, Вадим ја турна Ирина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во Триполи (во затворот) останале еден месец и на 6 јули, придружени од одред коњаници и 11 стражари, тргнале кон последната точка од патувањето - Фезан. Вкупно 55 осуденици, од кои 51 Македонци.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Патувањето било мошне тешко. За сето време осудениците биле оковани (врзани со синџири за нозе и врат) и речиси неподвижни.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа биле политички осуденици од битолскиот и скопскиот затвор.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)