отпоздрав (м.)
Наместо отпоздрав, подбивно праша: - Каде ви е вашата уметница? - Зад оркестарот... пие. - Зад оркестарот!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Стаписано подзастана и се сврте назад. Чуварот уште ја држеше раката крената до слепоочницата во знак на отпоздрав.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Професорот ја крена раката. Како за отпоздрав, или како за обавестување дека е овде, дека пристигнал.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Само кога е убав сончев ден убаво се слуша и небескиот ѕвон – последниот отпоздрав на јагнето со ѕвонче околу вратот коешто кондорот го повел на куса прошетка низ вселената, од поблизу да ги види ѕвездите пред да си ја изврши редовната утринска служба научно наречена чешање на мешината по спаструвањето на внатрешноста на телото.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)