отпорано (прил.)
Многумина го имаа видено Толета отпорано, та сега од неколку грла се испушти една тажна воздишка. — Леле, мајче ти мила!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Дајте ѝ од овие тревје да се напие”, покажа Полин на китката обесена на чардакот што отпорано му ја даде на Профима и си замина дома на чардакот да си го пече лицето на сонцето, спокоен како ништо да не се случило.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Значи, навистина е писмото, сите другите се уверуваат и си помислуваат дека Костадин сигурно знае за него отпорано штом Максим му вели Земи го и штом тој го зема без збор, а кога Костадин го зема писмото, за да остане тутурката на земјата таква, одвиткана, односно за да не ја одвее развигорот, Максим, држејќи ја, му вели на Васила Митрески Нареди ги камењата на ќошевите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За нив двајцата, за песот и Васила, да не ги познава отпорано и да не знае колку Васил е честит, би се помислил дека пеколот ги испратил ноќва во Потковицата и на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сето тоа Лазор го гледа од под веѓи и зашто отпорано знае што има нацртано на внатрешната страна на тутурката, планот на Потковицата, си дума и се надева дека можеби не се собраа за да го ругаат него, дека можеби и овој пат ќе разговараат за тоа за кое од смртта на татко му на Максима наваму секоја година ова време разговараат - за барањето одобрение за ѕидање црква, а годинава за барање одобрени за ѕидање и на општина и на училиште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бездруго ќе му пратев еден електронски поздрав на Владимир Пиштало и на некои други пријатели кои брзаат да фатат ред за темата смрт во Венеција, ќе му мавнев отпорано на оној оџачар на покривот кој многу личи на Фелини и кој уште не беше разбрал дека секоја година зимата доцни во Венеција.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)