отпуштање (ср.)
Помладите возрасни поретко ќе поддржат забрана на книги во јавни библиотеки или отпуштање на професори затоа што се хомосексуалци.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На интернет страницата на Агенцијата за странски инвестиции, меѓу другото, пишува: „Со цел да се поддржат компаниите и да се зголеми нивната меѓународна компетитивност, Владата воведе законски реформи во функционирањето на пазарот на трудот кои овозможуваат полесно вработување и отпуштање на работната сила.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Значи, евидентно е дека обврската за известување, по ново, важи само во случај на отпуштање поголем број работници и дека рокот е сведен само на 30 дена претходно, наместо претходните три месеци!; и • трето, беше модифицирана и онаа заштитна одредба која предвидуваше дека работодавецот, пред да донесе одлука за престанок на работниот однос поради предвидените промени – и тоа во времето од известувањето на работникот и на синдикатот до донесувањето на одлуката за престанок на работниот однос на повеќе од 50 работници – може да се обрати до Бирото за вработување (т.е. денешната АВРМ) со барање за помош и услуги од посредување при вработувањето, согласно со закон.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имено, во 1995, со првата измена на ЗРО (1993), седум дотогашни причини за отпуштање со отказен рок беа трансформирани во 35 основи за отпуштање без отказен рок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, парите кои беа предвидени да бидат наменети за ублажување на нега- тивните последици од отпуштањето на толкав број работници во овој некогашен индустриски град – никогаш не стигнаа до нив!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Интересно е да се спомене дека со секој нареден бран на вакви колективни отпуштања, правата на оние работници кои остануваа на улица беа сѐ помали и помали.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Беше повикана и Трудовата инспекција која, по доаѓањето – со Записник бр. 07-3/46, од февруари 2005, констатира дека „штрајкот“ кој беше претходно организиран во знак на револт против сите манипулации при масовните отпуштања од работа, е нелегитимен и дека треба да се прекине!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
При ваквите отпуштања работодавачот е должен да започне постапка на консултации со претставниците на работниците најмалку еден месец пред почетокот на отпуштањата за начините и средствата за избегнување на колективните отпуштања, намалување на бројот на отпуштените работници или ублажување на последиците преку прибегнување кон соодветни социјални мерки за повторна обука или вработување на отпуштените работници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Дополнително се предвиде дека одредбите на овој член не се применуваат кај колективни отпуштања кои произлегуваат од прекинување на дејностите на установата поради судска одлука, договорите за вработување на определено време и во тела на јавната администрација (чл. 22 од ЗИДЗРО/септ.10). 43
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)