отспреди (прил.)
ТЕОДОС: Убаво, не само отспреди. И топуците.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Во саботата се плете невестата со гајтани, се реди со разни решмиња, монистра, ѕрнѕурки одзади по грбот, од тилот до пети, отспреди — од ушите до прстите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Не застанувај ми отспред! - сподавено ’ржи тој.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од задната страна на собата, кон брегот, немаше прозорци, а отспреди, имаше два и, оттаму, бидејќи куќата беше поставена високо, се гледаше целото езеро таму дури до Лерна.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Го зема шишето и доаѓа до коњот врзан отспреди.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Јас имам Библија, живна сега тој. Ја најдов во куќава, вели. Дебела со црвени корици, вели, и со крст отспреди.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)