охрабрувачки (прил.)
Јас не можев да издржам и му кажав за тоа дека ја загубивме мајка ми, а тој не се изненади, очигледно знаел за тоа и ме прегрна охрабрувачки.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Им мавтавме со веѓите охрабрувачки, додека мајките нѐ гледаа презриво и ги вардеа гласно и загрижено, оддалечувајќи ги од нашата неприличност.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Она што го чув од читателите беше охрабрувачко, иако најчестиот коментар беше: „Се гледа дека го пишувал поет“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Еве, јас сум жив доказ за тоа: по многу упорни обиди и залагања, вчера конечно добив охрабрувачки и-меил од една продуцентска куќа (заради професионална дискреција ќе го премолчам името на испраќачот, па во понатамошниот текст ќе ги нарекувам Џиги Миги Ентертејнмент).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Примерот со Анчевски може да делува охрабрувачки врз останатите работници на кои им се прекршени работничките права, а се колебаат дали да покренат тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)