оцет (м.)
- Мило ми е, - рече старецот, а во своите мисли продолжи: „ А што знаеш ти, градски човеку, за жетвите, за жржта, за српот, за лукот и оцетот, најубавата жетварска храна“.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
— Луција, вели таа. Лук и оцет, си мислам јас.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со овие постапки (мислам на толчениот лук со оцет и вода од сношти, како и на шеќердисаното слатко од утринава) дали посакував да се уверам дека животот продолжува со својот вообичаен тек?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Некој си дотури во чорбата солца, некој оцет, а Живко ракиичка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Зар не виде како се џарам околу себе додека ја враќав теглата во празнината на ѕидот и додека ја спуштав лажицата во каленицата од која минатата ноќ сркав надробен леб во толчен лук со оцет и вода.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Десет дена не го напушташе слабоста Симона. Му давав лекови што ги донесов од градот и му ги завиткував нозете со крпи во оцет. Температурата слабееше, но пак се појавуваше.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ги чекаше аџи Герасим службениците и чаушите, ама накитот од вратот и прстите на жената сѐ повеќе се намалуваше, и кога ибн Бајко се наведна врз дупката да види што се случило таму, пред очи му излета една белегзица право во рацете на воскарот, летна како оцет да испарува и ја снема.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој е исто така лек за многу работи, ние честопати јадеме толчен лук помешан со оцет, вода и сол.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Имаше чиниче со ајвар, чиниче со кавијар од модри патлиџани, чиниче со печени пиперки со лук и оцет, таратор, чиниче со потпечено козјо сирење, чиниче пинџур, со варени бамји во оцет и лук, чиниче варена боранија и динстувана во лук, чиниче со урда со црвен алев пипер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)