очовечи (св.)
Авантурата на очовечување влезе со нас во нов период.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тука се потпираме врз размислувањата на при крајот на 1991 год. трагично починатиот теоретичар на телематичното дружење Vilem Flusser, којшто во својата расправа Дигитален изглед запишал: „Авантурата на очовечувањето, со нас, стапува во нов период.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Не, не треба да се очовечува архитектурата.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Уште ме привлекуваат науки, со кои се занесувам дека ќе го изменат светот, дека ќе го очовечат човекот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Затоа тој мора да бара начин како се доаѓа до очовечувањето – продолжи старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Просторот на Севишниот
се очовечува.
Сфаќаш:
далечината е емотивна категорија.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Со чувствата создаваме магија, мигови на очовечување, ги отвораме сетилата за да ја впиеме страста, надежта, мирисот на животот, патуваме низ некои непознати, волшебни, езотерични простори, сосема нов свет на поспокојно живеење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)