оштета (ж.)
Но набргу ете ти несреќа: ненадејно се сруши еден ѕид од куќата и го потфати Ѓеро; го извлековме здробен од камењата: го исплакавме и побаравме оштета од фирмата; фирмата не сакаше да чуе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Китан наведе дека не се согласува да му се плати само 25% оштета.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Е, после ќе те одерат така добро што и твоите внуци ќе им плаќаат оштета на внуците на поштарот.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
„Допрениот“ не иде (ко што е ред) кај Благоја Железничарот, туку одма наоѓа двајца сведоци и те тужи за два милиона долари оштета.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Иако има пракса да се договори со адвокатот за трошоци во висина од 10% од досудената и наплатена оштета, поради сигурноста во својот случај, тој се договара за трошоци според Адвокатската тарифа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Приказната на Јаневски, донекаде, има неуспешен крај... Тој не ја доби оштетата што му следуваше и му беше досудена, ниту пак доби ново работно место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во ова „второ полувреме“ од спорот, каде што обете странки, секоја за себе, си ги сносеше судските трошоци Марковски – усно на записник – го повлече тужбеното барање за оштета поради неискористен годишен одмор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)