ојагни (св.)
Сношти ми се ојагнија осум овци! Една блшни...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Четири-пет овци веќе беа ојагнети, а за кратко време можеше да се очекува ојагнувањето на уште десетина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога тие се нафрлија врз јаслите полни со сено, Бојан ја фати малата Снежанка и ја принесе до вимето на една од скоро ојагнетите овци.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Беше веќе крај на јануари и секоја ноќ можеше да се ојагни некоја овца.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Како за среќа овците сите се ојагнија, така што другата година имаше повеќе и волна и млеко и сирење.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)