пад (м.)
Надвор се слуша крцкање од снегот a туп пад од чоек со вик: (А-а-а..) ДАРА: Јао... (преплашена бега и се покрива на кревет со јорганот преку глава).
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Сум се нишал од млекото на ѕвездите како сега, забрзан во зик-зак кон својот пад, секогаш ноќе во секоја крчма.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во валчестата шуплина на буката, која колку се одеше подолу се стеснуваше по должина од над десетина метра, сега го немаше оној ниеднаш непрекинат заплисок на остриот пад на водата од планинскиот поток, што се вливаше во неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во валчестата шуплина на буката1, која колку се одеше подолу се стеснуваше по должина од над десетина метра, сега го немаше оној ниеднаш непрекинат заплисок на остриот пад на водата од планинскиот поток, што се вливаше во неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Затоа сосем спокојно верував: ќе се сопнам на неа и во пад ќе ја приклештам под себе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Бездруго веќе знаел како морало да се случи: Арсо Арнаутче ја фрлил секирата и, чиниш во пад е, ја повлекол со себе покорената жена кон невидени длабочини, поточно кон земјата од која ќе почне нивното барање на длабочините додека ќе ги сменуваат писоците од уста в уста рамно, од месо в месо; ја видел, трет во тоа збивање, испреплетеноста на змиската игра и со обете раце се фатил за првото стебло како да ќе го искорне; само се лизгал со дланките по мазната кора паѓајќи на коленици и удирајќи со главата во празно како да стресувал од вратот копривно лути гасеници.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дупките, барите, бездните...ги прескокнуваше во црната, припиена роба, нималку стеснета, без страв од епидемија, пад, студена војна.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Секоја од империите, осудени на неизбежен пад и заборав, како да има свои надгробни плочи во остатоците на киклопските камени блокови на кои беа втиснати пораки со различни писмени знаци, секогаш разместувани од новите освојувачи или од потресите на земјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Со текот на времето Чанга сѐ повеќе ѝ се восхитуваше на татковата намера да напише Историја на балканските империи низ нивните падови, во која ќе бидат вклучени и козите, па се надеваше и самиот да има некаква улога во таа книга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тие не го претставуваат адекватно променливиот терапски процес - растежите и падовите на авантурата наречена терапија.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Големи дози на ПЦП можат да предизвикаат екстремен пад на крвниот притисок, крутост на мускулите, губење, кома и смрт; жестоките агресивни испади се исто така чести.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Луција одеше право, нејзиното бегство беше пад низ непроѕирен мрак.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Прогонувањето на преведувачите на Библијата во времето кога научниците заедно ги преведуваа и репреведуваа грчките класици и римските автори, е важна алка од ланецот на причинско последичните врски кои имаа придонес за развивањето на капитализмот и падот на феудализмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Патетичноста на терористичкиот акт повеќе сугерира на еден личен морален пад (најчесто жртвите се невини), ја компромитира каузата во очите на јавноста, создава сѐ повеќе непријатели и денунцијанти, прави имиџ на лицемерност и неинтелигентност (глупост) итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Мошне брзиот пад на електричното полнење би предизвикал електрично празнење: иглата би се однесувала како светлечка шипка.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Кривата на нашиот бегалиски живот во својот лет ја допираше највисоката точка, за потоа да го означи својот неизбежен пад за што не можевме веднаш да бидеме свесни.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Да земеме еден пример. Од падот на Берлинскиот ѕид во повторно соединетата Германија трае процесот на пресметување со тоталитарното минато на бивша Источна Германија.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Овие книги, толку пати спасувани низ сите наши балкански селидби, книги кои нѐ спасуваа според верувањето на Мајка, по падови на империи, војни, пожари, селидби, завршуваа како последен мост, како последен тесен премин кон близината во која вечнееше Татко.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Подемот и падот на овие авангардни движења ги постави почетните и завршните точки на првата, УТОПИСКА фаза на МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)