пазуварка (ж.)
А тогаш наведнат, со пушката преку рамо, во која останаа само уште два неубоити фишека, што ги изнајде на дното од пазуварката и ги стави за секој случај, преклонето зачекори надолу по широката трага, свесен дека го надмудрија, дека го исплашија, дека го маѓепсаа така, за веќе ни еднаш во скоро време ни да не помисли на лов на самјаци.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше задоволен што ја имаше понесено својата пушка и доста фишеци во пазуварката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Неделко Сивески седна до меѓата, со нозете в бразда, и почна да се бара по џебовите, по пазуварките.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пликот со двете канадски марки, што го имаше добиено од својот Крсто, сега заедно со војничкото четириаголно парче хартија ги грее во пазуварката - до срцето...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со растреперена рака посегнува во пазуварката и, кога ја отвори широката испечена и испукана дланка, жените видоа свиткано ливче хартија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Писменцето што го држи во пазуварката како да го гори, небаре му се прилепило како лишај на карпа и не знае како да го скрие од погледите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Небаре во џебови, што се вели, во пазуварки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)