палечник (м.)
Намуртени, озлојадени, загрижени, тие брзаа да се доберат до некоја колиба или трло каде што ги оставаа кременачките, косите или крклизите и бараа некој обичен, предмет — јарем, палечник, плаз, некој сноп 'ржаница да кренат на рамо и со него да си влезат в село, незабележани, оти знаеја што ги чека дома сите оние што беа им се придружиле на комитите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така лут, Толе излезе од дома и отиде право во вигната од Стевана небарем палечник да потклепа, но причината беше сосема друга.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го потклепа палечникот, и сам проговори некој и друг збор со Стевана и виде дека Стеван се гордее со своето Кате дека служи кај бегот и оти тој ја има таа „висока чест“ прв да разбира што мисли бегот и што ќе прави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)