пантолони (само мн.)
Високиот се намурти и колебливо завлече рака во џебот на белите пантолони.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Гимназистите си дојдоа од Прилеп во градски алишта: палта запетлани до гуша со жолти петлици, пантолони со широки ногавици и нови углеисани фесови со нови пискулчиња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Со цевката му дадоа знак да ги крене рацете нагоре: го претресуваа по џебовите од пантолоните и гуната, а потоа и по телото.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Беше облечен по европејски: во тесни пантолони, со високи чизми и кожено кусо палто, препашано со ремен.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Како да немаш што да облечеш, зарем не гледаш дека пантолоните ти се отпарани назад?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Одвај дочекав да биде 18 часот попладне. Ги облеков најизвалканите и најнеугледните пантолони што ги имам и најизбледената маичка што ја пронајдов во плакарот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Извади камен од кесата што му беше обесена за ременот од пантолоните и му го светна на Мечка во салиштето околу стомакот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Со првата голтка сладникав пијалак, му доаѓа сликата на Јана како се сонча грбешки на сламената простирка, по куси машки пантолони и откопчан елек.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Беше тоа типичен претставник на својата епоха: носеше зимски капут од чоја, необично долг и широк, темносин шешир од филц со спуштен обод, широки пантолони со високи манжетни и светли плитки чевли, воочливо слични на ортопедски; околу вратот поради некоја причина му висеше кинески пешкир.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Имитирајќи шимпанзо, професорот Оливер ја протна раката низ десната ногавица од своите прешироки пантолони и со изненадувачка вештина му мавна на професорот Роберт со непристојно свиткан среден прст.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тоа се пантолони за правоверните љубители на поп митологијата. Timberland Уште еден американски производ има култен статус - тимберланд мокасините.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Една од клучните архетипски фигури на поп митологијата, КАУБОЕЦОТ, носел токму такви пантолони.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бидејќи Штраус бил фармер од американскиот Запад тој искреирал пантолони од грубо платно наменето за селаните што работат тешка земјоделска работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ти повторно беше во бикини, завиткана во Навахо ќебето, а јас ги имав навлечено кратките пантолони додека гаќите сѐ уште ми висеа од задниот џеб. Ѝ го испитуваа телото со батериите од кои неговата белина блескаше.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Попријатно беше пешачењето до станицата Е1 чувствувајќи како дождот ја мие песокта од мојата коса и нозете, додека тој единствено се чувствуваше во препоните на кратките пантолони и со секој шмрк на чевлите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Со купаќи околу зглобовите, претавме како пливачи за да си ги ослободиме нозете, скоро како да очекувавме плимата да не облие исто како Берт Ланкастер и Дебора Кар во нивната славна љубовна сцена на плажата во филмот „Од овде до вечноста“ - сцена која е толку славна што иако ниту еден од нас го немаше видено филмот, нашите тела ја заземаа истата положба како филмските ѕвезди на песокта и ти нежно ми шепотеше, „Се плашам да не останам трудна,“ а јас тивко ти одговарав, „Не грижи се, имам заштита,“ и продолжувајќи да те бакнувам, ги напипав соблечените кратки пантолони и паричникот во кој со месеци го носев Вулканот како да беше амајлија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Вангел Русјаков пантолоните си ги местеше надвор и зејна да го опита Петрета што е тоа во што се пули, ама овој прсна на кај алето без да му остави време да ги пушти зборовите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Пелагија престана да ја негува Пелагија, не ѝ го негуваше лицето, не ѝ ја чешлаше косата, не ја капеше еднаш неделно во дрвеното корито среде одаја, туку еднаш месечно, фустаните ѝ ги врза во бовча а бовчата ја напика под одарот, убавото, мургаво тело ѝ го пикна во стари војнички пантолони, цврстите гради ѝ ги стегна со стишно плетена блуза, косата ѝ ја напика во црн каскет и од мома ја претвори во бербатен маж.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сотирчо, штотуку допаткал околу петтата, наврен во зелена фанелка и басмени пантолонки, туку се тегни лево десно и подвикнува Бате, ене вреќа! Бате, ене вреќа!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)