парадоксално (прил.)
И не е чудно дека ракот наречен бирократија својот корен го влече одовде, заклучувам и ми станува смешно затоа што од логичното правам парадоксално: па сигурно дека коренот расте од земјата!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Овој концепт очигледно не проработи, бидејќи парадоксално Америка ја поттикнува политиката на ривалство.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Разликата е значајна, бидејќи патолошката сексуалност не подразбира отсуство на оргазам, и обратно, иако во најмала рака звучи парадоксално, постојат непатолошки сексуалности без оргазам.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тоа пред сѐ е првиот Ворхолов филм кој во целост е сниман со подвижна камера (ако ги изоставиме ретките зумови и движења во Vinyl и Space); парадоксално, Ворхол којшто упорно ги одбивал предлозите на своите соработници фиксираната камера да ја помести макар за милиметар, тоа обилно го правел во Nedy, кадешто самиот ја врши функцијата снимател.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Идиомот, ако го има, она по што препознаваме нечиј потпис, не се присвојува, колку и парадоксално да звучи тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во таков случај детското одбивање на храна парадоксално треба да биде сфатено како начин на којшто субјектот се пресметува со сопствената желба во поглед на мајчинската љубов.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во таа смисла, еден евидентно анахрон концепт за тродимензионален простор кој е тнр. „база“ на медиумот „архитектура“ веќе не може да опстане во своите три димензии туку ги користи придобивките (кадрирање, суспенз, нарација...) на тнр. дводимензионален простор на филмот, на пример (кој, парадоксално, „со една димензија помалку“ - иако и таа се освојува со Виртуелната Реалност - се здоби со повеќе „реалистичко ткиво“, со повеќе „видливост“, да речеме, од множеството тродимензионалност што нѐ опкружува!), или, уште порадикално, архитектурата ќе мора да се соочи и со тнр. мултидимензионален концепт за простор на Хокинг (кора од портокал, како пример!), кој станува парадигма за „просторна ориентација“ на крајот на веков. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 11
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Слична тенденција се воочува во Србија кадешто пак имаме држава која не се темели врз модерниот поим за народност, туку се споила со една пред-државна етничка мешавина, па така на Косово на иста територија парадоксално постојат две паралелни држави: српската државна власт и парадржавните тела на Република Косово.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Дека вакви дела воопшто постојат звучи парадоксално, но тоа очигледно е можно кога станува збор за ваква парадоксална ситуација и на пошироко рамниште.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
(...) Парадоксално е што во време на современиот промискуитет диктиран од демографскиот пораст, тој физички живот на телото го има сѐ помалку.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Парадоксално, ние никогаш не сме сигурни во тоа, се чини дека задоволството на другиот е помалку неизвесно.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Парадоксално во Цариград ќе се оддалечи од Истокот за да најде траен пристан за својот дух на Западот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Да нема вакви градежници како чичко Раде, кои, парадоксално,градат друга земја (последното што го дознав за него е дека работи во Москва), не знам колку би ни вределе универзитетските професори, академиците и сличните на нив, од кои многу тешко се позајмува книга.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Животот, на крајот од краиштата, е само колаж од одделни моменти на кои се сеќаваме – колку парадоксално е тоа што во него минуваат цели денови, месеци, години кои воопшто не ни остануваат со сеќавањето и поради својата истоветност пропааѓаат во заборав.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
2. Мојата приказна
„Стасав во последен миг, но сепак
го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш:
- самрачна светлост, неспокоен сјај
и јарка нестивната страст
која се одразува врз сѐ и во сѐ
и сѐ превреднува, како премрежје
- сетне, интензивен спој вибрации
збрани на едно место
налик на грст значења вкрстени
во еден единствен збор
(о, парадоксално блаженство
на хомонимијата -
си реков и почувствував
дека допираат до тебе
моите помисли, надтежнати од профаност
занесени по светост
изострени од долгото 'рвење
меѓу принудата и поривот
меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Мотото на Вујовиќ – која досега има учествувано и во неколку работнички штрајкови и други облици на протест – е дека работникот мора да се бори за своите права, бидејќи таквите работници – колку тоа да звучи парадоксално – и самиот работодавач повеќе ги цени. 1. Интервјуто го водеше Ива Михајловска, на 29.I.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Намалувањето на политичката моќ на организираниот труд е само последица на силната пропаганда на неолибералната идеологија, која го глорифицира „успехот на поединецот и неговите претприемачки квалитети“ и која парадоксално се прикажува себеси како „неидеолошка“ и „научна“ позиција.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)