парализиран (прид.)
Можете ли да замислите колку е страшна судбината на човек чија парализирана фантазија не би можела да работи без помош на хашиш или опиум”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Последните години од животот Селин ги минува делумно парализиран и на работ на лудилото, иако неуморно пишува; Rigo- don, последното дело на Селин, е објавено постхумно, 1969-та.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Можам ли да кажам, набљудувајќи и испитувајќи, дали некој е во длабока медитација, длабок транс, под хипноза, се преправа дека е парализиран, навистина парализиран, целиот смрзнат од страв, или всушност може да се движи, но не смее и не го прави тоа?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во едно широко шише имаше камфор, жолтеникаво густ; си заби себеси шприц во раката - се распалија дивите струи, некоја дива енергија ја тргна раката на парализираниот човек наназад, па угоре, тој му ги наби лактите в гради.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И така парализирани го гледаме како го навртува нагоре, во гредите, во керамидите над себе и страшна експлозија!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
На лакотот! Падна на коленици речиси парализиран, држејќи го лакотот со другата рака.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На бојното поле, во просторијата за мачење, на бродот што тоне, целите за кои се бориш секогаш се забораваат, затоа што телото се надувува додека да го исполни универзумот; па дури и во моментите кога човек не е парализиран од страв, или кога не вреска од болка, животот е борба од момент до момент против гладот, или студот, или бессоницата, против вознемирениот стомак или болката во забот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Неколку секунди Винстон беше премногу парализиран за да може да се помрдне.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Градот остана речиси парализиран.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Нозете одвај ги влечев, како парализирана бев.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Кога се увери дека сите затворенички спијат, болничарката се доближи до креветот на Марија и ѝ шепотеше во увото бесрамни нежности, додека ѝ ги бакнуваше лицето, вратот напнат од страв, здрвените раце, парализираните нозе.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)