париче (ср.)
Татко ми велеше: небото не слегнува Во празни срца Сабјата не се буди во успана рака А сеќавањето е најбрз коњ Најдалеку ќе те однесе. (Зошто го кажуваше ова кога го беше загубил минатото Минатото му го развеа Киклопот на Револуцијата) Изгледа беше изумил дека изворот сончев покажува само пат кон заодот А дека ѕвездата што паѓа во фонтаните на темнината е само златно париче што некој го фрла од чардаците на мракот (Утрото сепак никогаш не заборава да слезе во одаите на ноќта) А каде тој можеше да слезе од чардакот на својата темнина И која врата потоа да ја отвори Во куќата на новото време Во домот на поразените Коњот и острата сабја Исчезнатото минато И лудата глава на Козакот Од пештерата на сеќавањето Што напати се отвора.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Помина време, и Божиќ помина, и паричето во погачата, и амкањето јајце, и фрлањето на крстот во Вардар, па дојде и Велигден, а Костадинка, Коца, бидејќи беше на прагот да излезе, се понадева ибн Бајко дека нешто стравот како ќе биде тоа излегување пред порти, а нешто и радоста, ќе го сменат табиетот на Тодора.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Простите, сиромасите, болните, многучеледните и бесчеледните, сакатите, слепите, собирале париче по париче, од усти одделувале за да изградат црква. Скапо плаќале мајстори и зографи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)